Во Куманово казнети 126 возачи за брзо возење
11.03.2023 18:49
| Сузана Николиќ
На територијата на Куманово денеска од 11 до 16 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Притоа санкционирани се 126 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
„Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.