Во Куманово ќе се одржи централната прослава на 11 Октомври - Денот на народното востание
На Спомен костурницата на паднатите борци од НОБ утре ќе се одржи централната манифестација за одбележување на празникот 11 Октомври - Денот на народното востание. Прославата ќе започне во 10 часот.

„Владината делегација ќе ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а ќе ја сочинуваат и министрите Артан Груби, Јована Тренчевска, Адмирим Алити. Потоа, настанот продолжува со културно уметничка програма на платото пред Спомен - костурницата и со обраќање на претседателот на Владата Димитар Ковачевски, предвидено за 10:45 часот“, соопштуваат од Владата.
По завршување на официјалната програма ќе продолжи партиски пикник на СДСМ, на кој се повикани да присуствуваат и граѓаните.