Во Куманово наврна 2 литри дожд, попладне локално невреме
10.06.2020 13:02
| KumanovoNews
Времето денеска е биде променливо облачно, пoпладне се очекува локално невреме.

Од пладневните часови на повеќе места е нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен.
Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 2 л/м2.
Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.