Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во изминатото деноноќие во кумановско наврна 10 литри дожд на метар квадратен. Најголема количина на врнежи се регистрирани во Скопје 37л/м2, а најмалку во Штип 2л/м2.
Врнежите од дожд продолжија и денеска. Според метеоролозите времето ќе биде претежно облачно, посвежо и нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Попладне локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 31 степени.
И во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено денес и утре, кога локално се очекува обилен пороен дожд (над 30 л/м2), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.