Мени

Во Куманово наврнаа 17 литри дожд, минималната температура 5 степени

27.01.2026 09:38 | KumanovoNews

Во изминатото деноноќие во Куманово наврнаа 17 литри дожд, а минималната температура изнесувала 5 степени Целзиусови.

 

Во Куманово наврнаа 17 литри дожд, минималната температура 5 степени

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка – 39 л/м², а најмалку во Скопје – Маврови Анови, само 1 л/м².

Во Виница наврнаа 26 л/м², во Берово 23, во Скопје – Петровец 20, во Струмица 19, во Гевгелија, Демир Капија и Штип по 18, во Кавадарци и Прилеп по 17, во Ѓуриште, Тополчани, Куманово и Велес по 14, во Крушево 13, на Попова Шапка, во Претор и Охрид по 10, во Скопје – Зајчев Рид, Битола, Пожаране и Тетово по 6, во Радовиш – Пожар 5, во Лазарополе 4, а во Маврови Анови 1 л/м².

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 31 сантиметар, а на Маврови Анови 2 сантиметри.

Најладно ноќеска било на Попова Шапка со -3 степени, во Лазарополе 0, во Крушево, Маврови Анови и Ѓуриште 1, во Пожаране 2, во Крива Паланка, Претор, Берово и Тополчани 3, во Охрид, Битола, Прилеп и Виница 4, во Штип, Тетово и Куманово 5, во Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци и Демир Капија 6, а во Гевгелија 8 степени.

„Времето денеска ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските места, дожд и снег на повисоките, а на планините со слаб снег. Попладне во западните делови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени“, соопшти УХМР.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а максималната температура ќе достигне до 10 степени.