Во Куманово наврнаа 8 литри дожд, минималната температура 10 степени
Во изминатите 24 часа во Куманово наврнаа 8 литри дожд на метар квадратен, а минималната температура изнесувала 10 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд е измерен во Крушево – 34 л/м², Претор – 30, Маврови Анови – 28, Лазарополе – 23, Прилеп и Пожаране – 18, Берово – 16, Тополчани – 14, Пожар–Радовиш – 12, Струмица и Попова Шапка – 11, Виница – 10, Тетово и Битола – 9, Скопје–Зајчев Рид, Куманово и Гевгелија – 8, Ѓуриште – 7, Скопје–Петровец и Штип – 6, Крива Паланка и Демир Капија – 5, а во Велес и Кавадарци – 4 литри.
Минималната температура ноќеска е измерена во Маврови Анови и Лазарополе – 5 степени Целзиусови, во Крушево – 6, во Охрид, Претор, Прилеп и Берово – 8, Скопје–Зајчев Рид, Крива Паланка, Тетово и Битола – 9, во Куманово, Виница и Кавадарци – 10, Струмица – 11, Штип, Велес и Гевгелија – 12, а во Демир Капија – 13 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а местимично и повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

