Во Куманово нема заразени од коронавирус покажува апликацијата за следење на вирусот во државата
Mакедонска компанија изработи апликација на која може да се види кои се кризните подрачја кадешто има заболени од коронавирус.

Состојбата со заболени лица од корона вирусот во Македонија може да се следи на апликацијата http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5, која компанијата ГДИ Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани.
- Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од корона вирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните подрачја и носење вистински одлуки, - соопштуваат од компанијата.
Според апликацијата до денеска најмногу заболени има регистрирано во Дебар со 16 случаи, а потоа Скопје со двајца пациенти. Во останатите градови нема регистрирани заразени на коронавирус.
Според старосната структура најмладиот заразен е на 29 годишна возраст, а настарите имаат 65 години, една пациентка од Скопје и пациент од Дебар. Останатите се на возраст од 63, 61, 59, 58, по двајца на 56 и 55, 47 и 39 години.