×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово осум земјоделци добиле пари за рурален развој

    24.12.2009 13:17 | KumanovoNews

    Агенцијата за развој и поттикнување на земјоделството денеска одржа средба со претставниците на месните заедници од руралните средини.Годишниот состанок беше искористен земјоделците да се запознаат за можностите за користење на средствата од ИПАРД фондовите.

    Во Куманово осум земјоделци добиле пари за рурален развој

    Во следните 60 дена,односно до 23 февруари земјоделците ќе може да аплицираат за користење на средствата, доколку понудат издржани проекти - вели Живка Наумова, раководител на Агенцијата.

    Годинава, низ подрачната единица поминале 4000 земјоделци кои поднесувале документи за субвенционирање, а осум земјоделци добиле средства од од програмата за рурален развој. Агенцијата организирала и повеќе семинари за обука на повеќе теми.