×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово шестмина починати од коронавирус на возраст од 52 до 89 години

    23.10.2021 20:47 | Сузана Николиќ

    Шест лица починаа како последица од коронавирус во Куманово. Пациентите биле на возраст од: 52, 58, 71, 71, 85 и 89 години. Новозаболени се 28 лица и 46 се оздравени.

    Во Куманово шестмина починати од коронавирус на возраст од 52 до 89 години

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 482 нови случаи на ковид-19, а направени се 4.151 тестирањe. 

    По градови во: Скопје – 194, Велес – 50, Куманово – 28, Кочани – 26, Кавадарци – 23, Прилеп и Штип – по 20, Битола – 19,Тетово – 13, Струмица и Крива Паланка – 11, Свети Николе – 10, Пробиштип – 9, Охрид – 7, Гевгелија и Берово – по 5, Кичево и Ресен – по 4, Гостивар и Македонска Каменица – по 3, Струга, Неготино, Радовиш,Виница, Кратово и Демир Хисар – по 2, Делчево, Богданци, Крушево, Пехчево и Дојран – по 1.

    Регистрирани сe 280 оздравени пациент од: Скопје – 124, Куманово – 46, Штип – 18, Велес – 15, Кавадарци – 14,Охрид – 13,Кочани – 12, Кичево и Македонска Каменица – по 6, Прилеп и Струмица – по 5, Струга,Свети Николе и Кратово – по 3, Битола – 2, Гевгелија,Неготино, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 1. 

    Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Куманово(89г,85г,71г,71г,58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп(85г,77г,68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г). Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови,а само едно лице е починато дома.

     Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година. Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови,а две лица се починати во болнички услови.

     Досега во земјата се направени вкупно 1.361.893 тестирањана ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 199.539,бројот на оздравени пациенти е 186.211, на починати е 7.036, а бројот на активни случаи изнесува 6.292.