×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово утрово се измерени -10, во Крива Паланка -16 степени

    25.01.2022 07:45 | Сузана Николиќ

    Во Маврови Анови и Берово се измерени - 20, -18 Попова Шапка, -16 Крива Паланка, Битола, -15 Крушево, -13 Тетово, Прилеп, -12 Охрид, Претор, Штип, Виница, -11 Демир Капија, Дебар, -10 Струмица, Куманово, -9 Скопје, -6 Дојран, -4 Гевгелија.

    Во Куманово утрово се измерени -10, во Крива Паланка -16 степени

    Највисока снежна покривка има во Маврово 39 сантиметри, 31 Попова Шапка, 15 Пожаране, Крушево, 9 Крива Паланка, 6 Битола,  5 Охрид, Ѓуриште, 4 Тетово, 2 Виница, Берово.

    Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

    Максималната температура ќе достигне од -3 до 6 степени.

    Во Скопје, сончево со мала облачност и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.