×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Најмногу дожд наврна во Куманово, 22 литри на квадрат

    30.05.2023 10:06 | Сузана Николиќ

    Силно невреме проследено со пороен дожд и грмотевици вчера попладне го зафати кумановско. 

    Најмногу дожд наврна во Куманово, 22 литри на квадрат

    Според информацијата од УХМР, во изминатите 24 часа во Куманово наврнале 22 литри на метар квадратен дожд, што е најмногу во однос на другите градови каде што се вршат мерењата.

    Во Пожаране се измереи 16 литри,  12 во Крушево, 3 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тетово, Берово, 1 Демир Капија, Пожар.

    „Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, но поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената“, соопштуваат надлежните.

    Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

    На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени.