Во Куманово за викенд се казнети 103 возачи
11.03.2024 19:56
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, викендов спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи. Притоа на подрачјето на општина Куманово санкционирани се вкупно 103 возачи.

„Санкционирани се 63 возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 24 санкции се изречени на оние кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола и 1 за нерегистрирани возила“, стои во полицискиот билтен.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.