Во Куманово за викенд казнети 180 возачи за брзо возење
25.07.2022 18:03
| Сузана Николиќ
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се 180 возачи.

„Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите
прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти СВР Куманово.