Во Куманово за викенд казнети 239 возачи
20.02.2023 11:44
| KumanovoNews
СВР Куманово во текот на викендот спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 239 возачи.

Од нив 186 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 39 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 10 за управување возило без возачка дозвола и 4 за нерегистрирано возило.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.