×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово запишани 1.143 првачиња

    01.10.2020 16:39 | KumanovoNews

     Вкупно 1.143 првачиња се запишани во новата учебна година во 16 основни училиште во Куманово.

    Во Куманово запишани 1.143 првачиња

    На првиот училишен ден во училишните клупи седнаа само оние деца за кои родителите дале согласност да посетуваат настава со физичко присуство.

    - Денеска на училиште тргнаа оние деца чиишто родители потпишале согласност да следат настава со физичко присуство. Дел од родителите на децата од прво до трето оддление потпишаа изјави дека сакаат децата да следат онлајн настава. Ние во моментот немаме точна бројка колку ученици ќе следат со физичко присуство, колку онлајн, бидејќи таа бројка е променлива, родителите можат да се предомислат и да ја сменат одлуката. До 15 овој месец треба да се одлучат каква настава ќе следат нивните деца, - вели Дивна Тодоровска, раководителка во Секторот за образование во Општина Куманово.

    Таа вели дека во првата смена наставата почнала без проблеми, училиштата подготвени ги пречекале учениците по сите предвидени протоколи и заштитни мерки против ковид-19. Училиштата имаат обврска двапати на ден да праќаат извештаи до Министреството за образование за тоа колку ученици присуствуваат на настава и каква е нивната здравствена состојбата.

    На првиот училишен ден, свечен прием и приредба за првачињата организираше училиштето „Крсте Мисирков“. Во Куманово, во новата учебна година во основните училишта има 10.360 ученици и 5.090 во четири средни училишта. Оваа учебна година во прва година во средно образование се запишале 1.152 ученици. Одобрение за настава со физичко присуство добија училиштата во селските средини, каде има помал број на ученици.