Во Куманово запленети над 2000 петарди, приведен 35-годишен маж
22.12.2020 19:54
| KumanovoNews
На плоштадот „Маршал Тито“ денеска во 16.50 часот, приведен е С.М. (35) од Куманово, бидејќи кај него биле пронајдени пиротехнички средства.

Извршен е и претрес во неговиот дом и вкупно се пронајдени 2059 парчиња пиротехнички средства.
Против С.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.