×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во кумановската гимназија одбележана годишнината од раѓањето на „Гоце Делчев“

    04.02.2024 15:04 | Оливера Пешевска

    Во дворот на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово беше одбележана 152-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер. 

    Во кумановската гимназија одбележана годишнината од раѓањето на „Гоце Делчев“

    Пред бистата на Гоце Делчев цвеќе положија делегации од училиштето, локалната самоуправа, советот, здруженија на граѓани,  борци, политички партии и граѓани.

    „После 152 години стоиме пред неговиот достоинствен лик со голема почит и благодарност зашто се роди, живееше и умре за нас Македонците“, кажа ученичката Лина Ставревска.

    Гоце Делчев е идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.

    Георги Николов Делчев е роден на 4 февруари, 1872 во Кукуш, Егејска Македонија  како прво машко дете, трето по ред на бројната фамилија Делчеви, која имала вкупно девет деца. Се школувал во Солун и на воената академија во Софија. Како член на ТМОРО, беше наречен апостол на револуцијата. Како голем хуманист, учител и борец, организирајќи ја народноослободителната борба на македонскиот народ, тој ја обиколил цела Македонија.

    Останува запаметен по своите мисли:

    “Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”.

    Предаден е и убиен 4 мај 1903 во селото Баница. Саркофагот со посмртните останки на Гоце Делчев се наоѓа во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.