Во кумановски угостителски објект точеле алкохол на малолетник
12.04.2025 12:38
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 74-годишен кумановец и против правното лице - угостителски објект од Куманово и 18-годишник, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење на алкохолни пијалоци на дете“.

„На 21.02.2025, полициски службеници извршиле контрола во угостителскиот објект, при што бил затекнат 14-годишник како консумира алкохолен пијалок“, соопшти МВР.