Во кумановско ќе се сади оригано
Во кумановско наесен ќе почне да се одгледува оригано.

Од Здружението на земјоделски производители Куманово, објаснуваат дека климата одговара за оваа култура, и преговараат со фирма за добивање на садници и обезбедување на откуп.
“Едукација на луѓето, семинари ќе има при крај на август и почеток на септември, бидејќи ориганото се сади крај на октомври или почеток на ноември. Во преговори сме со една компанија, која треба да даде садници и со таа компанија треба да направиме договор за откуп на ориганото. Ориганото е повеќегодишно растение, и преговараме дали во свежа или сува состојба ќе се продава. Самиот инвеститор ќе каже која ќе биде цената по хектар“ - изјави Момчило Трајковски, претседател на Здружение на земјоделски производители Куманово.
Ориганото вирее на оскудна почва, не бара почва од прва или втора класа. Оваа култура се одгледува во валандовско и гевгелиско.