Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Шумско стопанство“ од Куманово има доволно количини на огревно дрво, за потребите на граѓаните за оваа грејна сезона.
Од претпријатието тврдат дека во складовите има бука и даб, а во шума имаат исечени дрва кои треба да се пренесат во складовите.
“Иако 96 отсто од граѓаните веќе се снабдени со дрва, ние имаме залихи. Нема да има никаков проблем со огревно дрво за граѓаните, исто и за синдикатот и за училиштата. Во шума имаме 300 - 400 кубици исечени дрва, но поради дождот и неповолното време сеуште не се донесени во складот“ - вели Ваит Саити, директор на „Шумско стопанство“.
Во стоваришта во Скопје, Тетово, Демир Капија и Кавадарци снемало дрва, па граѓаните не можеле да купат ниту да извршат уплата.