×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во летниот период има двојно повеќе сообраќајни несреќи затоа возете одговорно, порачаa надлежните за безбедeн сообраќај

    30.07.2020 12:37 | KumanovoNews

    Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со  Секторот за внатрешни работи во Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот Куманово, денеска во Куманово ја промовираа кампањата „Вози одговорно“.

    Во летниот период има двојно повеќе сообраќајни несреќи затоа возете одговорно, порачаa надлежните за безбедeн сообраќај

    На влезот во Куманово, тие поделија едукативно-рекламен материјал со цел едукација и подигање на свеста кај граѓаните за одговорно учество во сообраќајот за време на летните периоди.

    Како што покажуваат податоците на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во летните месеци имаме двојно поголем број на сообраќајни несреќи, а со самото тоа и двојно поголем број на загинати и повредени лица во сообраќајни несреќи. Причината за тоа е секогаш зголемената сообраќајна фрекфенција за време на топлото време.

    Токму затоа, денеска и од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше апелирано да се биде внимателен и одговорен во сообраќајот и да се избегнува патувањето во деловите од денот кога температурите се највисоки.

    „Особено апелираме да бидат внимателни оние лица коишто се повозрасни возачи, коишто имаат кардиоваскуларни заболувања и хронични болести, да избегунуваат патување во делот на денот кога температурите се највисоки, да внимаваат на постепена климатизација на температурата во возилата и надвор од возилото. Токму затоа ние на денешната акција помеѓу другото делиме и брендирани води со сообраќајно-едукативна порака“, рече денеска од Куманово, Ристо Манчев, од РСБСП.

    Виолета Богдановска, раководител на одделот за превенција при СВР Куманово, потенцираше дека на СВР Куманово, постојано една од приоритетни области за работа им се превентивни мерки за поголема безбедност во сообраќајот, како и подигање на јавната свест кај сите граѓани за почитување на сообраќајот и сообраќајни правила.

    „Особено во летниот период спроведуваме летни кампањи кои се однесуваат за безбедно управување на мопеди, за влијание на заморот кога се учествува во сообраќајот, почитување на сообраќајните правила и прописи, непрописно пристигнување, возење без сообраќајна дозвола, нерегистрирани возила. Поголем дел од нив се репресивни, а дел се од превентивни кампањи коишто се спроведуваат. Кампањата за безбедност во сообраќајот Куманово и ќе трае во текот на целиот месец август. Таа е наменета за безбедно лето, односно да се пренесе порака да се вози одговорно и да се внимава на заморот, затоа што животот е само еден и има шанса само еднаш да се живее“, додаде таа.

    Од СВР Куманово, најавуваат дека во август кампањата ќе биде проширена со делење на заштитни маски, на друг рекламен материјал и маички, со цел постојано да се поттикнува и укажува на почитување на сообраќајните правила.

    (Ф.Марковска)