Во “Наце Буѓони“ продажен базар за помош на “Порака наша“
29.12.2014 11:44
| KumanovoNews
Средното техничко училиште “Наце Буѓони“ организира дводневен продажен базар, од кој средствата ќе бидат наменети за корисниците на Дневниот центар “Порака наша“.
Базарот денеска е во просториите на училиштето, а утре истиот ќе се одржува во Комерцијална банка.
“Како дел од проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ се оргнизира новогодишен продажен базар на кој се изложени и се продаваат украси изработени од ученици, наставници и родители“ - вели Ленче Ѓоршевска Ангеловиќ, професор по здравствена струка предмети во “Наце Буѓони“.
Базарот и денеска и утре ќе трае од 9 до 15 часот.