×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во некогашната касарна во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи

    01.09.2021 12:00 | Сузана Николиќ

    Зградата во која што се наоѓаше воената амбулантата во кругот на поранешната касарна „Христијан Карпош“ во кумановската населба Бедиње, ќе се реконструира за потребите на Регионалниот центарот за управување со кризи (РЦУК). 

    Во некогашната касарна во Куманово ќе се формира Центар за обука за управување со кризи

    Проектот предвидува преадаптација и обезбедување на простор за работа на административните служби, но и за отворање на Центар за обука за кризен менаџмент. 

    „Предвидена е комплетна реконструкција и целосно уредување на објектот. Покрај канцеларии ќе има и простор за одржување на обуки за кризен менаџмент за потребите на другите државни органи и локалната самоуправа. Ќе има спални соби, училници, библиотека, сали за спорт и рекреација, ќе се уреди дворот на објектот колку што опфаќа катастарската парцела“, велат од РЦУК. 

    Проектот ќе се финансира со средства од Американската амбасада.

    Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата за реконструкција на објектот на Центарот за управување со кризи во Куманово со поддршка од САД, кој треба да прерасне во Центар за обука, за да се унапредат капацитетите на системот за справување со природни катастрофи.

    „Кога ќе биде готов објектот ќе биде целосно опремен за функционална работа на Центарот за обука, како и за сместување на Регионалниот штаб за управување со кризи во Куманово, кој покрива 6 општини во Североисточниот регион, вклучувајќи ги и пограничните региони со соседните земји Србија и Бугарија“, соопшти Владата.

     

    Државата, старата амбуланта и парцелата на која се наоѓа му ја додели на Центарот за управување со кризи уште во 2014 година. Веќе десетина години, петнаесетина објекти, пред сè згради, помошни простории и гаражи кои се користеле за потребите на армијата во касарната се оставени без физичко обезбедување, поради што се мета на вандали и целосно се уништени.