Во Отља најдени седум неексплодирани гранати од 2001 година
20.06.2023 16:32
| KumanovoNews
Во липковското село Отља пронајдени се седум неексплодирани гранати, кои останале од војната во 2001 година.

"Во неделата во СВР Куманово било пријавено дека во село Отља, липковско, при ископ за поправка на водовод, биле пронајдени седум неексплодирани гранати. Вчера екипа од СВР Куманово извршила увид, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, констатирал дека станува збор за гранати од рачен ракетен фрлач кои најверојатно потекнуваат од 2001 година. Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка", соопшти МВР.