Во пожар повредена жителка на Оризаре
20.10.2022 16:24
| Сузана Николиќ
Четириесет годишна жена е повредена во пожар во куќа во липковското село Оризаре.

Во СВР Куманово синоќа било пријавено дека во с.Оризаре, oпштина Липково, настанал пожар во куќа сопственост на А.С..
Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а со повреди од пожарот се здобила Р.В.(40) од с.Оризаре, која била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид бил извршен од екипа од СВР Куманово.