Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од 16:30 часот, патниот правец Крива Паланка – граничен премин „Деве Баир“ е затворен за тешки товарни возила, според известувањето на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.
Прекинат е сообраќајот на патниот правец кај превојот Стража, поради попречено возило на патот кај Тајмишка Раскрсница, а на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од 17.20 часот патниот правец Струга - ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.
„Екипите на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле за расчистување на наведениот патен правец“, додаваат од Центарот.
(фото. архива)