×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вo сабота, без термин, сликање за лични документи за лицата кои наполниле 18 години, а немаат лична карта ни пасош

    05.04.2024 10:56 | Сузана Николиќ

    Лицата кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ во сабота ќе можат да се сликаат без закажан термин. Како што најавија од Министерството за внатрешни работи фотографирањето ќе се врши од 8 до 15 часот во сите пунктови низ земјава, а во Скопје само во полициската станица „Пролет“.

    Вo сабота, без термин, сликање за лични документи за лицата кои наполниле 18 години, а немаат лична карта ни пасош

    „Ги повикуваме граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори“, велат од МВР.

    Лицата кои имаат барам еден биометриски документ односно лична карта или биометриски пасош нема да бидат примени бидејќи предност имаат оние кои немаат никаков документ.