Во САД започнува тестирање на вакцина против коронавирус
16.03.2020 10:17
| KumanovoNews
Тестирањето на вакцината против коронавирус ќе започне денеска, пренесува новинската агенција Асошиејтед Прес „АП“, од неименуван функционер во американската влада.

Тестот на првиот пациент ќе биде извршен во Институтот за истражување на јавното здравје во Сиетл, а ќе биде финсиран од Националниот институт за здравје на САД.
Но, сепак за да се пушти вакцината во употреба, би требало да поминат од 12 до 18 месеци.
Во моментот активни случаи на коронавирус во светото има над 170 илјади, 6,5 илјади починати и над 77 илјади излекувани.