×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во следниот мандат ќе обезбедиме поголема социјална поддршка за граѓаните, кажа Лукаревска

    07.07.2020 17:30 | KumanovoNews

    Подобар живот и поголема социјална поддршка на граѓаните и во наредниот мандат, вети носителката на листата на СДСМ во Втората изборна единица Сања Лукаревска, денеска од Куманово.

    Во следниот мандат ќе обезбедиме поголема социјална поддршка за граѓаните, кажа Лукаревска

     Градиме европска држава во која секој граѓанин ќе може да живее од сопствениот труд, а грижата за луѓето e на прво место, рече Лукаревска.

    „11 години ВМРО-ДПМНЕ манипулираше со социјалната помош, ја држеше на недостоинствен минимум и ја злоупотребуваше. За три години, СДСМ социјалната помош ја зголеми за 300 насто, а во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства. Го решивме и проблемот со стечајците, 12.000 стечајни работници обезбедуваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари“, рече Лукаревска.

    Дополнително се зголемува опфатот на домашната платежна картичка и покрај стечајците картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа. Парите се враќаат кај граѓаните, градиме држава која е праведна и правна, за сите.

    „Затоа почитувани граѓани, вашата иднина и иднината на вашите деца не оставајте друг да ви ја решава, да излеземе на избори, затоа што заедно Можеме и уште повеќе и уште подобро. Ние покажавме каква држава сакаме, модрена и праведна држава којашто ќе дава шанса и која се грижи за секој свој граѓанин“,  рече Лукаревска.