Во среда прскање против комарци
02.07.2012 09:13
| KumanovoNews
Задутре во градското подрачје на Општина Куманово од 5 до 8 часот ќе се изврши авионско прскање против комарци.

Поради тоа од Општината Куманово ги известуваат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај да не се изврши авионското прскање поради лоши временски услови, истото се одложува за наредниот ден.