Во тек хортикултурно уредување и пролетно чистење на Куманово
ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово продолжува со хортикултурно уредување и чистење на градот.

Од претпријатието информираат дека, согласно програмата утврдена од Општина Куманово, паралелно со извршување на новите обврски поврзани со коронавирусот, продолжуваат и со уредување на зелените површини и чистење на јавно прометните површини.
„Она што претставува редовна работа на јавното претпријатие продолжува најнормално. Се вршеше косење долж улица „11 Октомври“, на Градскиот кеј, жардињерите коишто ги имаме, се врши чистење на јавно прометни површини“,- вели Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово.
Тој додава дека оваа недела, покрај дезнфекцијата којашто се врши по влезовите во колективните стамбени домувања, ќе се продолжи и со косење на тревата и во Градскиот парк и населбата „Гоце Делчев“, како и процесот на делење на бесплатните маски.