×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во тек уписите во “Еуро колеџ“

    16.08.2012 11:34 | KumanovoNews

    Започнаа уписите во единствената приватна високообразовна установа во градот. Во “Еуро колеџ“ во  новата учебна година ќе се запишат 100 студенти.

    Во тек уписите во “Еуро колеџ“

    Според акредитацијата, за додипломски студии по бизнис администрација 60 места се за вонредни и трансфер студенти, а останатите 40 се за редовно студенти. Од нив половина веќе се потполнети.

    Средношколците веќе доаѓаат и конкурираат. Се надеваме дека до крајот на овој месец квотата за редовни студенти ќе биде потполнета, а потоа ќе се занимаваме со вонредните студенти. За нив најповеќе се заинтересирани наши луѓе кои работат во Авганистан. Исто така и наши студенти кои се вработени во компании во Куманово или во други градови. Ни доаѓаат студенти од соседните земји, а највеќе оние кои работат во Дубаи. Најголем интерес засега имаме од оние кои студираат на универзитетите во Скопје, од државниот “Кирил и Методиј“, од ФОН, од Универзитетот во Свети Николе, од Економскиот факултет од Прилеп - вели Љубиша Петрушевски, декан на “Еуро колеџ“.

    Деканот очекува до 15 септември поголем дел од квотата да биде пополнета, но за оние што од одредени причини нема да се пријават во првиот рок се планира и вонреден упис во октомври. Во ноември уписите ќе бидат затворени.

    Ќе останат неколку празни места ако некој во јануари сака да направи трансфер. За да се запишат во “Еуро колеџ“ средношколците треба да имаат положено државна матура и завршено четиригодишно средно образование- додава Петрушевски.