Во управните служби ќе се воведе систем „Земи бројче“, за да се намалат турканиците при вадење на лични документи
Во просториите на Отсекот за управни работи - Куманово вчера беше тестиран системот "Земи бројче", за да се намалат турканиците на шалтерите за вадење на лични документи.

„Во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација го тестиравме системот "Земи бројче" кој има за цел да воспостави ред во однос на приемот на странки за фотографирање и издавање на лични документи, а кој наскоро ќе биде целосно ставен во функција. Продолжуваме и понатаму со изнаоѓање на конкретни решенија кои имаат за цел да ги олеснат постапките поврзани со процесот на издавање на лични документи“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.