Во Виштица изгоре 4 хектари ниско стеблеста шума
17.08.2022 07:33
| Сузана Николиќ
Сува трева, грмушки и ниско стеблести растенија гореа вчера во атарот на липковското село Виштица.

Пожарот избувнал околу 14 часот и зафатил површина од околу 4 хектари, а во неговото гаснење учествувале противпожарната единица од Куманово и вработени во Македонски шуми, подружница - Куманово.
„Поради непристапниот терен заради лошата конфигурација, гаснењето беше отежнато - се вршеше со напртњачи. Пожарот беше локализитан во 18,00 часот а целосно завршен околу 19,00 часот. Причината за пожарот не е позната“, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).