×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во време на полициски час три аптеки ќе работат до 15 часот, потоа една на повик од дежурен лекар

    04.04.2020 12:30 | KumanovoNews

     Денеска и утре од 8 до 15 часот, граѓаните доколку имаат потреба можат да ги посетат следниве аптеки:    „Еурофарм“ Плоштад Нова Југославија бр.2, „Аптека Куманово 2“ ул. Христијан Тодорвски Карпош бр.45 и „Про виталис“  ул.11 Октомври бр.45.

    Во време на полициски час три аптеки ќе работат до 15 часот, потоа една на повик од дежурен лекар

    Како што сопштуваат од Здружението на аптекарите, по 15 часот на телефонски повик од дежурен лекар, денеска ќе работи аптеката  „Меди фарм“ во Школска амбуланта, а утре аптеката „Мента фарм“, до фризерницата Долче вита, на Трета МУБ.

    - Во врска со објавата што излезе на страната на Општина Куманово од страна на Општински штаб за заштита и спасување, а во врска со работа на аптеки за време на полицискиот час, ве информирам дека денес сабота и утре недела наведените  аптеки ќе работат од 8 до 15 часот. Распоредот на дежурни аптеки го има Итната медицинска служба, МВР и Општина Куманово. Доколку од понеделник аптеките добијата дополнителни насоки за работа истите ќе се применуваат. Граѓаните на Куманово треба да знаат дека во секое време, значи 24/7 имаат една дежурна аптека на повик од дежурен лекар. Ние аптеките сме секогаш тука за граѓаните на Куманово, - изјави Марија Милковска, дипломиран фармацевт.

    Од понеделник до петок сите аптеки ќе работат до започнување на полицискиот час, а потоа дежурна аптека на повик.