Во Жегљане одбележана 76-годишнина од формирање на Трета МУБ
Сојузот на борци на Куманово, денеска во селото Жегљане, ја одбележа 76 годишнината од формирањето на Третата македонска бригада.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината Десанка Стошевска положи свежо цвеќе пред Спомен плочата во училишниот двор во село Жегљане.
На одбележувањето на годишнината од формирањето на Третата македонска бригада присуствуваа и граѓани-поддржувачи на НОБ.
Трета МУБ е составена од три батаљони: кумановскиот Јордан Николов Орце кој е формиран во 1943 година во честа на загинатиот командат на 20 февруар 1944 година се формира батаљонот Христијан Тодоровски Карпош и третиот батаљон е преспанско-битолскиот Стив Наумов. Трите батаљони ја формираат Трета МУБ.
Борците од бригадата се бореле против четниците во кумановско, по што го нападнале затворот Идризово за да ги ослободат политичките затвореници. Својот поход го продолжуваат за ослободување на Велес.