×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водата да не се користи за наводнување на бавчи, апелираат од Водовод

    02.07.2020 09:32 | KumanovoNews

    Јавното претпријатие „Водовод“ во Куманово, апелира до кумановци рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со повисоки температури. Да не се користи водата од градскиот водовод за наводнување на нивите и бавчите или пак миење на дворови и возила.  

    Водата да не се користи за наводнување на бавчи, апелираат од Водовод

    Директорот на претпријатието, Горан Стојковски, апелира до граѓаните водата од водоводната мрежа, во овој период, исклучително да ја користат само за пиење, готвење и хигиенски потреби.

    „Поради зголемена потрошувачка на вода и намалување на притисокот на повисоките делови на градот заради топлото време, ги замолувае граѓаните водата од водоводните мрежи да ја користат исклучиво за пиење, готвење и хигиенски потреби, за нивните сограѓани во повисоките делови на градот да немаат проблем со водоснабдување. Водата никако да не се користи за миење на возила, вадење на дворови и сл. работи“, рече Стојковски.

    Тој додаде и дека доколку граѓаните не го почитуваат ова, дека ќе бидат приморани во одредени делови на градот, во овој период да го смалат водоснабдувањето на минимум.