Волонтери на Црвен Крст делеа вода за мигрантите
15.06.2015 14:07
| KumanovoNews
Волонтери од Црвен Крст Куманово изминативе денови покрај автопатот, делеа вода на мигрантите кои тука поминуваат на пат кон Србија.

Младите им помагаат на мигрантите и со друг тип на информации кои ќе им бидат од корист.
Освен вода често прашуваат каде моментално се наоѓаат и како да стигнат до Србија. Повеќето од нив патуваат со велосипед и често бараат и помош околу поправки, најчесто дупнати гуми - велат од Црвен Крст Куманово.
Акцијата ќе продолжи и во наредниот период се додека има потреба.