Мени

Вонреден прекин на водоснабдувањето во централното градско подрачје

24.02.2021 16:11 | KumanovoNews

Поради интервенција на водоводна мрежа – замена на дотраен затворач Ф-100, утре (25.февруари) од 05 часот до завршување на работа, ќе има прекин на водоснабдување на четири улици.

Вонреден прекин на водоснабдувањето во централното градско подрачје

Според вонредната информација којашто попладнево беше пратена во нашата редакција вода ќе нема на:

- ул. „Народна Револуција“,

- Плоштад „Маршал Тито“,

- ул. Илинденска и

- ул. Кирил и Методиј.

(фото.архива)