Вонредна крводарителска акција поради намалени резерви на крв
20.07.2017 08:57
| KumanovoNews
Вонредна крводарителска акција ќе се одржи денеска од 09- 14 часот во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" Куманово, поради зголемените потреби на крв во градот и државата.
Организаторите ги повикуваат крводарителите масовно да се вклучат во акцијата.
“Соочени со мали резерви на крв и реална потреба од одредени крвни групи општинската организација на Црвен крст Куманово организира вонредна летна крводарителска акција, која ќе се одржи денеска (20.07.2017 г). Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост на дело, - соопштуваат организаторите.