Вонредна крводарителска акција во Куманово
27.05.2020 08:01
| KumanovoNews
Општинската организaција нa Црвен Крст од Куманово, утре на одделението за трансфузиологија од 9-14 часот ќе спроведе вонредна крводарителска акција.

Оваа акција се спроведува со цел да се зголемат резервите на крв во време на коронавирусот.
„Ве повикуваме заеднички во овие тешки моменти соочени со мали резерви на крв, низ највисокиот чин на хуманоста да ги зајакнеме резервите на крвни едници“, велат од Црвен Крст.
Тие додаваат дека и граѓаните нема потреба да се плашат од добивање на КОВИД-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв.