×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вонредна летна крводарителска акција во четврток

    17.08.2020 09:49 | KumanovoNews

    Под мотото „Биди хуман, дарувај крв, спасиј нечиј живот“, Црвен Крст Куманово, организира вонредна крводарителска акција во четврток, во просториите на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

    Вонредна летна крводарителска акција во четврток

    Оваа крводарителска акција се спроведува со цел да се зајакнат резервите на крвните единици, кои периодов бележат надолен тренд. Од Општинската организација на Црвениот Крст ги повикуваат сите граѓани заеднички да се приклучат кон акцијата, преку највисокиот чин на хуманоста-крводарувањето.

    „Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат крв со цел да се одржи адекватното снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Нема ризик за добивање на ковид-19 преку процесот на крводарување, бидејќи респираторните вируси не се пренесуваат преку дарување или со трансфузија на крв“, велат од организацијата.

    Крводарителската акција ќе започне во 9 а ќе трае до 15 часот.

    (Ф.М.)