Вонредна седница на Советот за укинување на кризната мерка за бесплатен паркинг
06.05.2020 12:01
| KumanovoNews
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи вонредна седница на која ќе се расправа за укинување на мерката за беплатен паркинг, која беше воведена поради кризата со корнавирусот во градот.

Дневен ред
1. Предлог – Решение за давање согласност на одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за ставање во функција на зонско паркирање.
Седницата ќе се одржи во големата сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот.