Вооружен грабеж на брокерско друштво во Куманово
29.01.2020 15:29
| KumanovoNews
Вооружен и маскиран разбојник, денеска напладне ограбил брокерско друштво во центарот на Куманово.

Од Кумановската полиција велат дека разбојникот во 13.30 часот, влегол со пиштол во просториите на брокерското друштво на улицата „Иво Лола Рибар" и ја нападнал вработената, по што одземал поголема сума на пари.
Нападот бил пријавен во СВР Куманово, се работи на откривање на разбојникот.