Вооружен грабeж во маркетот “Селман Туризам“
16.12.2014 12:35
| KumanovoNews
Три непознати лица го ограбиле маркетот “Селман Туризам„ на улицата „11 Ноември„.

Разбојништвото се случило синоќа во 21.50 часот, кога тројцата мажи, од кои едниот маскиран и вооружен, влегле во маркетот. Заканувајќи се на вработената, одзеле 77.000 денари и разновидни цигари. Потоа со автомобил заминале во непознат правец.