Вооружен грабеж во обложувалницата “Плеј Ин“
22.12.2014 13:24
| KumanovoNews
Вооружено лице со пиштол ја ограбило обложувалницата „Плеј Ин“ во Куманово.

Грабежот се случил синоќа околу 21.25 часот,во објектот лоциран на улица “Гоце Делчев“, кога разбојникот влегол и од вработената го земал дневниот промет, а од друго лице гостин во обложувалницата одзел телефон. При тоа незаконски заработил околу 42.500 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.