Вооружени лица нападнале и ограбиле старец во Куманово
12.09.2021 21:31
| Сузана Николиќ
Двајца вооружени разбојници напднале и ограбиле старец во неговиот дом во Куманово.

Според МВР, синоќа во 22.40 часот, Џ.И.(71) од Куманово во неговиот дом бил физички нападнат од две лица.
Едниот од напаѓачите имал пиштол, при што му одзеле пари и два мобилни телефони.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.