Воз удри во мигрант кај Романовце
09.08.2022 17:59
| Сузана Николиќ
Вчера во 07.20 часот на железничката пруга во близина на станицата во Романовце, патнички воз кој сообраќал на релацијата Скопје - Табановце, удрил во мигрант.

Мигрантот се движел со уште три лица - по и покрај пругата.
Возот застанал на местото на незгодата, но мигрантите избегале.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.