Возач на камион од Украина пронајден починат на царинската испостава во Табановце
10.05.2024 21:29
| KumanovoNews
Возач на камион од Украина е пронајден починат крај неговото товарно возило на царинската испостава Табановце.

„Вчера околу 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг на царинска испостава Табановце, покрај товарното возило кое го управувал, бил пронајден починат И.К.(66) од Украина. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство“, соопштуваат од полицијата.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.