Возач на камион со приколка удрил во автомобил, па се обидел да го истурка од коловозот
03.02.2023 21:50
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 38-годишен кумановец.

Тој движејќи се со товарно возило „волво“ по автопатот од граничен премин „Табановце“ кон Куманово, при обид да престигне друго товарно возило, со приколката удрил во патничко возило „ауди“.
Откако возачот на патничкото возило му дал знак да сопре, пријавениот продолжил со возење и се обидел да го истурка од коловозната лента.